Дома Фудбал Алонсо го пронајде „новиот“ Лука Модриќ – ќе биде најголемо засилување за Реал Мадрид

Алонсо го пронајде „новиот“ Лука Модриќ – ќе биде најголемо засилување за Реал Мадрид

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како што стојат работите, Чаби Алонсо го пронајде совршената замена за него.

Модриќ има 39 години и по 13 години поминати во Реал Мадрид, ова лето ќе го напушти клубот по истекот на договорот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Тотенхем и Динамо, својата кариера ќе ја продолжи во Серија А, каде што има постигнато усмен договор со тимот на Милан.

Јасно е дека нема да биде лесно да се замени Лука Модриќ, но во Реал Мадрид веруваат дека ја пронашле идеалната замена.

Според новинарите на шпанскиот АС, Реал Мадрид ги забрзал преговорите со раководството на АЗ Алкмар и сака што побргу да го заврши донесувањето на Кеес Смит.

Овој играч беше најдобриот играч на неодамна завршеното Европско првенство за играчи до 19 години, и ја освои титулата со Холандија.

„Горд сум. Не можам да верувам дека јас сум најдобриот играч на Европското првенство, но многу сум радосен поради тоа. Благодарам на моите соиграчи.

Самодовербата е навистина голема. Сакам да постигнам гол на секој натпревар, а сега и успеав“, рече Смит по натпреварот против Шпанија.

Овој фудбалер има 19 години и ја помина младинската школа на АЗ Алкмар, пред да дебитира за првиот тим во ноември 2024 година.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…