
Лукас Васкес остана без клуб по Светското клупско првенство, бидејќи во Реал Мадрид одлучија дека повеќе не им е потребен, но тој најде нов ангажман и денес ќе потпише договор за клуб кој никој не очекуваше дека ќе биде во приказната.
Лукас речиси целата кариера ја помина во Реал Мадрид со кој освои сè што можеше, но иако се надеше дека таму ќе се пензионира, на крајот неговата желба не се оствари.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Искусниот Шпанец беше отпишан со доаѓањето на новиот тренер Чаби Алонсо, бидејќи во Реал сфатија дека е време да се даде шанса на некои помлади играчи и дека Лукас може да ја побара среќата во друг клуб.
Утрово се појави информација дека Лукас решил прашањето за нов клуб и многумина се изненадени со тоа каде ќе ја продолжи кариерата, бидејќи и натаму ќе игра на најголемата сцена.
Имено, Лукас сè договори со Баер Леверкузен со кој денес ќе потпише договор на една година со можност за продолжување на соработката за уште една сезона, која многу веројатно ќе биде активирана.
Фото: Принтскрин