
Ламин Јамал се најде на голем удар од играчите и навивачите на Реал Мадрид по Ел Класико поради изјавите кои ги даде пред најголемото дерби во светот. Младата ѕвезда на Барселона беше тема и на прес конференцијата, а за Јамал зборуваше и Хаби Алонсо.
Реал Мадрид и Барселона го одиграа првото Ел Класико од оваа сезона во кое кралскиот клуб успеа да ја извојува победа со резултат 2:1 и да ја прекине лошата серија од минатата сезона.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Минатата сезона Барселона во сите пет Ел Класико натпревари го победи Реал што беше доволна мотивација за Кралевите во саботата да го дадат својот максимум.
Дополнително „гориво“ им дадоа и изјавите на Ламин Јамал кои ги даде неколку дена пред Ел Класико, поради што имаше пеколен пречек на стадионот Сантијаго Бернабеу.
Младиот играч на Барселона беше тема и на прес конференцијата на Хаби Алонсо по натпреварот, бидејќи новинарите беа заинтересирани дали имаа посебна тактика за Јамал, кого успеале целосно да го запрат.
„Ламин Јамал имаше лоша изведба затоа што имавме некој анти-Јамал план? Не, тоа не е точно. Ние немавме никаков план за него. Тимот во одбрана едноставно одигра одлично, не само чувајќи го Јамал, туку и останатите играчи на Барселона”, рече тренерот на Кралевите по натпреварот.