Дома Останати Тенис Алкараз одлучи што ќе тетовира по освојувањето на Австралија Опен

Алкараз одлучи што ќе тетовира по освојувањето на Австралија Опен

Првиот тенисер на светот, Карлос Алкараз, потврди дека ќе ја прослави својата прва титула на Австралија Опен со тетоважа на кенгур. Овој 22-годишен Шпанец во неделното финале го победи десеткратниот победник на турнирот, Новак Ѓоковиќ, и стана најмладиот тенисер во историјата што ги освоил титулите на сите четири најголеми турнири – Career Grand Slam. Неговата победа во четири сета пред преполната Роџ Лејвер Арена означи исклучителни две недели во Мелбурн.

По мечот, Алкараз објасни дека ова неверојатно постигнување ќе го одбележи со тетоважа на кенгур на ногата, што планирал да го направи и ако го освоел турнирот минатата година. „Ќе биде кенгур, сигурно. Мал кенгур”, изјави Алкараз за новинарите. Шпанецот има традиција да го тетовира телото по освојување на најголемите турнири, па оваа најава не претставува изненадување за неговите многубројни навивачи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Ќе биде на ногата, тоа е сигурно. Не знам уште дали на десната или левата”, додаде тој. „Морам да изберам добро место, но ќе биде блиску до тетоважите за Ролан Гарос или Вимблдон, морам да се одлучам.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Идол ми е Новак Ѓоковиќ, сакам да освојам многу Гренд слемови“: На само 17 години тенисер сонува да биде најдобар во свет

Францускиот малолетен тенисер Моисе Куаме направи вистинска сензација по првото коло на ту…