
Реванш-натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу ракометарите на Алкалоид и грчкиот АЕК вечерва нема да се одигра, откако гостинската екипа одби да излезе на теренот во арената „Борис Трајковски“.
Според официјалната информација од РК Алкалоид, на грчкиот клуб претходно му биле доделени 200 влезници, но навивачите се упатиле кон Скопје во поголем број од дозволеното. По проценка на ситуацијата, полицијата од безбедносни причини не дозволила влез на сите фанови на АЕК.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Алкалоид има предност од првиот меч од 29-25 и е на чекор до историска титула.
Фото: Принтскрин