Македонската ММА борачка Даниела Алексовска обезбеди место во финалето на Европското првенство кое се одржува во Белград, откако во полуфиналната битка славеше против Израелката Рути Розмарин.
Алексовска доминираше во текот на целиот меч, покажувајќи одлична тактичка подготвеност и борбен дух. Сите три рунди беа во нејзина корист, а судиите едногласно ја прогласија за победник по поени, нагласувајќи ја нејзината супериорност во октагонот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Со оваа победа, таа си обезбеди место во големото финале, каде што ќе се соочи со украинска противничка во борба за златото.