Дома Фудбал Чеферин зборуваше за новиот систем во европските натпревари – се огласи и за Суперлигата!

Чеферин зборуваше за новиот систем во европските натпревари – се огласи и за Суперлигата!

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА) Александер Чеферин изјави денес дека промената на системот на натпреварување ги направила сите европски купови поинтересни.

Групните фази на Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Лигата на Конференции сега бројат по 36 клубови, и сите тие се во една група, за разлика од претходниот систем. Во Лигата на шампионите и Лигата на Европа секој клуб игра по осум, а во Лигата на Конференции по шест натпревари во групната фаза.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


– Сите се супер среќни со новиот систем на натпреварување, освен обичните еден процент критичари. Ги направивме натпреварите поинтересни. Последниот ден од групната фаза на Лигата на шампионите беше електризантен, секој гол го менуваше се’ на табелата. Новиот систем е успех не само за Лигата на шампионите, туку и за Лигата на Европа и Лигата на Конференции. Новото еднокружно натпреварување е успешно. Дали сите имаа можност да се борат? Секако – изјави Словенец за ТВ Скај спортс.

Чеферин одговори и на прашањето дали уште постои заканата од формирање на “Суперлига”.

– Не постои, конечното решение е донесено одамна – заклучи Чеферин.

Фото: Пртинскрин/YouTube

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скромноста на дело: Модриќ заработи милиони во кариерата, а на собирот на репрезентацијата пристигна со нискобуџетен лет

Фантастичниот играч од средината, капитен на Хрватска и ѕвезда на Милан, Лука Модриќ, заед…