Дома Фудбал Алегри жестоко го нападна Фабрегас: „Ти си идиот, дете кое вчера стана тренер”

Алегри жестоко го нападна Фабрегас: „Ти си идиот, дете кое вчера стана тренер”

Милан вчера во одминатиот дерби натпревар од Серија А на Сан Сиро одигра нерешено со Комо (1:1), а главна тема по натпреварот беше жестокиот вербален напад на домашниот тренер Масимилијано Алегри врз колегата од другата страна Сеск Фабрегас.

Конфликтот започна во 80. минута кога Фабрегас го повлече играчот на Милан Алексис Салемекерс кога овој се подготвуваше да изведе слободен удар по прекршокот за домашните.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Лутиот Алегри тогаш нападна врз Фабрегас, по што на крај заработи исклучување, додека гостинскиот тренер не доби никаква казна.

Алегри пред телевизиските камери на теренот по натпреварот изјави дека тренер не смее да прави такви нешта, додека на истото место Фабрегас јавно се извини.

Меѓутоа, кога Фабрегас ја напушташе прес-конференцијата, каде што уште еднаш се извини, се сретна со Алегри кој дојде за обраќање кон јавноста.

Италијанските новинари сведочат дека тренерот на Милан тогаш повторно жестоко го нападнал колегата.

„Идиот, ти си идиот! Дете кое вчера стана тренер”, извика Алегри, пренесува Тутомеркато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри откри дали е подготвен да го напушти Милан за да ја преземе Италија

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, увери дека неговата цел е да го води тимот во Лига…