
Тренерот на Милан Масимилијано Алегри ја коментираше иднината на Лука Модриќ, кој на крајот од сезоната ќе треба да одлучи дали ќе остане во клубот.
„Не сум разговарал со Лука. Одлуката целосно зависи од него“, изјави тренерот за време на прес-конференцијата пред натпреварот со Торино.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Иако има 40 години, средниот играч учествуваше во 28 од 29 натпревари на „росонерите“ во Серија “А”.
„Нормално е поразот од Лацио, како што кажав и после натпреварот, да има сериозно влијание. Интер мислеа дека изгубиле две точки, а на крајот добија една. Ништо сè уште не е решено, додека математиката не каже спротивно. Интер има голема предност во поените и ја држи судбината во свои раце. Ние ја држиме нашата судбина за Лигата на Шампионите. Кога математички ќе стане невозможно да ги стигнеме, тогаш ќе биде јасно дека не можеме да ја освоиме титулата“, објасни Алегри.