
Милан утре во осминафиналето на Италијанскиот куп ќе гостува кај Лацио на Олимпико. Масимилијано Алегри, тренер со најмногу освоени купови во Италија (пет трофеи), се надева дека ќе го зацврсти рекордот уште оваа сезона. И покрај напорниот натпревар во првенството против Торино што го очекува во понеделник, мотивацијата во соблекувалната никогаш не била поголема. Тренерот ќе направи некои ротирања, но клучните играчи Рабио и Леао сепак ќе бидат во почетниот состав, пишува Calciomercato.
Лука Модриќ одигра тринаесет натпревари по ред како стартер и стана еден од главните носители на Милан – и по искуство и по креативност. Неговата интеграција во играта на Росонерите надмина очекувањата, имајќи предвид дека немаше толку многу минути уште од сезоната 2021/22 во Реал Мадрид. Последните недели делуваше нешто изморено, па Алегри одлучи хрватскиот ветеран да го остави надвор од составот за натпреварот со Лацио за да одмори.
Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите
Она за што се зборуваше во последните денови сега е и потврдено – Ардон Јашари утре ќе го започне натпреварот од првата минута. Швајцарскиот фудбалер за врска последниот пат беше стартер на 9 август во пријателскиот натпревар против Лидс, а потоа поради тешка повреда, задобиена во несреќен судир со Гименез, мораше да паузира неколку месеци.
Откако во последниот месец комплетно се врати на тренинзите со тимот, Алегри сега му има намера да му ја покаже довербата. Јашари треба да го започне дуелот во улога на централниот везист, заклучуваат Италијаните.