
Иако летниот трансфер период заврши во најсилните европски лиги, изгледа дека не очекуваат уште неколку интересни трансфери, а најголемо изненадување ќе биде ѕвездата на Реал Мадрид.
Ова лето Реал Мадрид доведе неколку звучни засилувања по разочарувачката сезона, а Чаби Алонсо реши најмногу да ја засили одбраната.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Кралевите доведоа неколку одлични засилувања во задниот дел, поради што на некои играчи значително им се намали минутажата.
Тоа најмногу се однесува на Давид Алаба, кој на почетокот на годинава конечно се врати на теренот по сериозната повреда на коленото, но како што стојат работите, Австриецот оваа сезона нема многу да игра.
Алаба сè уште нема минутажа на стартот на новата сезона и поради тоа се појавија информации дека не е невозможно искусниот дефанзивец да го напушти Реал Мадрид во следните десетина дена.
Во моментот тој е со австриската репрезентација и се подготвува за натпреварите против Кипар и Босна и Херцеговина, но по натпреварот во Зеница, неговата судбина треба да биде позната.
Дури се шпекулира дека Алаба по Зеница нема да се враќа во Мадрид и би можел да оди на медицински прегледи и потпис за нов клуб.
Голем интерес за Алаба покажа Бешикташ кој преговара со Реал околу искусниот играч и доби позитивен одговор од Реал дека се спремни да го продадат австрискиот фудбалер.
Фото: Grok AI