Дома Фудбал Ако не го победи Билбао, Алонсо ќе добие отказ – веќе е избрана и неговата замена!?

Ако не го победи Билбао, Алонсо ќе добие отказ – веќе е избрана и неговата замена!?

Арне Слот успеа да ја смири управата на Ливерпул, барем накратко, со победата против Вест Хем, а во неговите проблеми сега влегува тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.

Рано утрово се појавија информации дека работата на Чаби Алонсо во Реал Мадрид е загрозена и дека може да добие отказ.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Фернандо Бургос тврди дека Чаби Алонсо може да добие отказ ако не оствари победа против Билбао.

Оваа информација ја пренесе и Фабрицио Романо. Исто така, многу други извори, првенствено од Шпанија, пренесоа дека следните натпревари се клучни за Алонсо.

“Неколку следни натпревари се клучни за Реал Мадрид.

Ако го отпуштат Чаби Алонсо, Зинедин Зидан е единствената опција на претседателот да го замени”, се информациите што ги има инсајдерот Пепе Алварез.

Така, Зидан може да се врати на клупата на Реал Мадрид и да го води тимот до крајот на сезоната ако Чаби Алонсо добие отказ.

Интересно е што токму Чаби Алонсо е главната желба на управата на Ливерпул ако Слот добие отказ.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Ливерпул го воодушевија Слот: Тоа многу зборува за клубот

Арне Слот ја пофали особената поддршка која му ја дадоа навивачите на Ливерпул откако него…