Дома Фудбал Агуеро влегува во нов спорт – ќе вози „машина“ побрза и од болид во Формула 1!

Агуеро влегува во нов спорт – ќе вози „машина“ побрза и од болид во Формула 1!

Легендарниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро ја заврши кариерата пред нешто повеќе од три години, а сега е подготвен за нов предизвик во сосема различен спорт.

Аргентинецот, кој сега има 36 години, ќе се насочи кон авто-мото спортот и ќе се натпреварува во Формула Е, која организира настани под називот “Ево Сешнс”.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Настанот е прв во авто-мото спортот кој ќе ги обедини 11 ѕвезди од светот на спортот, технологијата и забавата, нудејќи им можност да застанат зад најбрзиот електричен автомобил во светот, GEN3 Evo.

Агуеро ќе биде најголемата ѕвезда од сите учесници, а засега е познато и дека ќе се натпреварува Бруклин Бекам, синот на Дејвид Бекам.

Тие сите ќе поминат шестнеделен тренинг камп пред натпреварувањето на патеката во Мајами на 5 и 6 март, а ќе управуваат со автомобил кој од 0 до 100 км/ч достигнува за 1,82 секунди, што е 30 проценти побрзо од болидите на Формула 1.

Кампот кој ќе го поминат ги вклучува сесии на симулатор, физичка подготовка, обука за возачи, прилагодување на хардвер и инженерски брифинзи, овозможувајќи им да ги искусат предизвиците со кои се соочуваат возачите на авто-мото спортот.

По завршувањето на настанот, подоцна оваа година ќе биде објавен документарен филм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тимот на македонскиот напаѓач, Бојан Миовски сруши негативеен рекорд стар 128 години!

Тимот на Ренџерс доживеа пораз и во второто коло од Лигата на Европа. По поразот од Генк, …