Во Италија овој викенд се е во знакот на дербито помеѓу Интер и Јувентус.
Антонио Конте е дел од историјата на Јувентус и така ќе остане.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, после неговото заминување во Интер, но и некои изјави кои ги даваше постоеше можност неговата ѕвезда од стадионот да биде отстранета. Тоа го бараа навивачите на клубот.
Конте е помеѓу 50-те славни имиња на кои имињата им се запишани на стадионот, тој список беше направен пред да седне на клупата на Јувентус и да освои три Скудета.
Како играч скоро 15 години го носеше црно-белот дрес и освои се и навистина неверојатно звучеше идејата да му се скрати тоа признание после некоја изјава.
Ањели не е во добри односи со Конте кој во 2014 година после два дена ги напушти припремите за својата четврта сезона, дојде до судир бидејќи Конте барал повеќе пари за засилувања.
Летово се шпекулираше дека може да биде вратен од кога Алегри замина, меѓутоа тоа не се случи.
Навивачите инаку во минатото успеаа да издејствуваат да исфрлат едно име од ѕвездичките. Полјакот Боњек кој исто така освои се со Јувентус, а потоа премина во Рома и често пати го критикуваше Јувентус. Тој беше планиран за такво признание, меѓутоа поради острата реакција на навивачите клубот се откажа.