Дома Фудбал Англија Aрсенал и Ливерпул поделија петарди, Сити минимално, Челзи со Кабаљеро на голот до победа во дербито (ВИДЕО)

Aрсенал и Ливерпул поделија петарди, Сити минимално, Челзи со Кабаљеро на голот до победа во дербито (ВИДЕО)

Вечерва во рамките од 28-то коло во Премиер лигата се одиграа неколку натпревари, а помеѓу нив беше и лондонското дерби.

Не видовме голови во првото полувреме на „Стенфрод Бриџ“, Челзи се закануваше во главно преку Игуаин. Головите стигнаа во второто полувреме.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


„Сините“ до водство ги доведе Педро во 57-та минута и тоа после асистенција од Аспиликуета. Дилемите околу победникот беа решени во финишот од натпреварот.

Поточно, дефанзивецот на Тотенхем ги „реши“ со несфатливиот автогол кој си го постигна за конечни 0:2.

Треба да се додаде дека денес на голот на Челзи беше Вили Кабаљеро, додека Кепа Аризабалага натпреварот го следеше од клупата за резерви. Со новите три бода Челзи стигна до вкупно 53 и се наоѓа на шестата позиција во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед во истиот термин на „Селхуст Парк“ славеше со 1:3 потив Кристал Палас. Головите за гостите ги постигнаа Ромелу Лукаку (33-та, 52-ра минута) и Ешли Јанг. Стрелец на голот за Палас беше Вард.

Ливерпул со 5:0 го декласираше Вотфорд (Мане x2, Oриги, Ван Дијк x2). Главниот ривал на „црвените“, Манчестер Сити исто така запиша минимална победа против Вест Хем. Единствениот гол натпреварот го постигна Серхио Агуеро од пенал.


Во натпреварот кој се играше нешто порано Арсенал со 5:1 го победи Бурнемоут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Томас Милер сака на уникатен начин да се збогува со навивачите на Баерн

Легендарниот играч на Баерн Минхен, Томас Милер, по 25 години преданост кон баварскиот клу…