Aнглискиот дефанзивец Гери Кејхил наводно е понуден на Јувентус во последниот ден од преодниот рок.
Јувентус се најде во големи проблеми откако на вчерашниот натпреварп ротив Аталанта им се повреди Џорџо Киелини. Киелини така се придружи на Андреа Брзаљи и Леонардо Бонучи, додека Бенатија замина во Катар. Алегри сега на стоперската позиција на располагање ги има само Ругани и повратникот Касерес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Парма ги одби во обидот да го добијат Бруно Алвеш, се поврзуваат и со Домагој Вида кој е пред трансфер во Рома.
Сега се појави нова опција. На Островот се пишува дека на Јувентус му е понуден Гери Кејхил од Челзи кој оваа сезона одигра седум натпревари за Челзи.
Наводно станува збор за понуда на позајмица. Договорот на Кејхил со Челзи истекува на лето.