Дома Актуелно Aлиоски: Не ме убеди Елмас да потпишам за Фенербахче

Aлиоски: Не ме убеди Елмас да потпишам за Фенербахче

Репрезентативецот на Македонија, Езгјан Алиоски брзо стана еден од омилените играчи во Фенербахче откако летово пристигна од Саудиска Арабија.

Алиоски веќе постигна и гол во дресот на турскиот гигант, а потенцираше дека иако е пријател со Елмас тој не го убедил да го избере овој клуб, како што претходно пренеусваа турските медиуми.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Со Елиф сум добар пријател од репрезентацијата. Нормално дека разговарав пред да дојдам тука, но тој не ме убеди да ја прифатам понудата. Јас и претходно сакав да играм во Турција. Елиф е многу талентиран фудбалер и му посакувам се најдобро во кариерата, тој само ми честиташе за трансферот, ништо повеќе од тоа“; изјави Алиоски.

Среќен е што ќе има прилика да игра пред фантастичната атмосфера, меѓутоа ќе може да си ги гледа и своите роднини.

„Сум бил во Турција и претходно, имам многу роднини тука. Нашите култури се многу слични, а Истанбул е еден од најубавите градови во светот. Животот тука ќе ми биде предизвик, особено што ќе можат често да ги гледам роднините кои живеат во Бајрампаша. Инаку, немам зборови со кои можам да ја опишам атмосферата на стадионот на мојот нов тим“, истакна популарниот Џани.

Алиоски потврди и дека преговарал со Фенер минатата сезона, но тогаш не се постигнало договор, па направи трансфер во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…