Tренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе мора да го засили својот тим во зимскиот преоден рок со некој квалитетен фудбалер.
Според последните информации, Клоп има тешка мета – Родриго од Реал Мадрид. Бразилецот има договор со „кралевите“ до 2025 година. Според бритнаските медиуми, Ливерпул е спремен за Родриго на Реал да му исплати сума од 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најавите се дека Родриго би го заменил Салах кој во овој преоден рок остана, но неговата приказна со Саудиска Арабија изгледа не е затворена.
Родриго во Реал Мадрид одигра 171 натпревар и постигна 38 голови, додека за репрезентацијата на Бразил на 16 натпревари постигна четири гола.