По завршувањето на Европското првенство, Арјиан Адеми се упати за Хрватска каде што во интервју за тамошните медиуми зборуваше за настапот со Македонија на ЕП.
„Многу сум горд што играв со Македонија на Европското првенство. Среќен сум, но и жалам што не направивме нешто повеќе. Немавме искуство со играње на такви натпреварувања и тоа многу не чинеше, а во некои ситуации ни недостигаше и малку среќа“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За пензионирањето од репрезентацијата на Горан Пандев.
„Заминувањето на Пандев беше навистина емотивно. Не само за мене туку и за сите во репрезентацијата.
Пандев е легенда на Македонија и тоа сите го знаат, сигурен сум дека многу ќе ни недостига во квалификациите за СП. Тој беше наш капитен и лидер, но пред се голем човек“, изјави Адеми.