Дома Трансфер зона Aдебајор си заминува од новиот клуб после само четири натпревари

Aдебајор си заминува од новиот клуб после само четири натпревари

Напаѓачот од Того Емануел Адебајор си замина од редовите на парагвајската Олимпија.

Искусниот фудбалер потпиша договор со овој тим во февруари годинава. Дочека беше како крал, но го напушти клубот после само четири одиграни натпревари во кои не се прослави.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Остана без гол на четирите одиграни натпревари, во еден натпревар доби црвен картон, а бидејќи во Парагвај се уште не знаат ништо за почетокот на сезоната одлучи да го раскине договорот.

Така од денес Адебајор одново е слободен играч, меѓутоа и понатаму има желба да ја продолжи кариерата. 36 годишниот напаѓач зад себе има богата кариера во која играше за тимови како Арсенал, Манчестер Сити, Тотенхем, Реал Мадрид…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…