Во претходниот период поради еден коментар на Серхио Агуеро во неговиот стрим на „Твич“ (ТУКА) се подгреаа шпекулациите за негово враќање на терените, сепак за жал тоа нема да се случи.
Агуеро стави крај на фудбалската кариера во декември 2021 година поради проблеми со срцето, а неодамна во неговиот стрим зборуваше дека добил дозвола од доктор повторно да заигра професионален фудбал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Медиумите поради тоа поставија и конкретно прашање до Агуеро дали навистина се враќа.
„Лага е. Нема да започнам со тренинзи во Индепендиете. Да, разговарав со доктор и ми кажа дека сум добро, меѓутоа за да играм повторно фудбал би морал да направам уште многу пргледи“, изјави Агуеро.
Во својата кариера Агуеро настапуваше за Индепендиенте, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и Барселона.