Дома Фудбал Aнчелоти за ремито против Димитриевски и Рајо: Не боли резултатот…

Aнчелоти за ремито против Димитриевски и Рајо: Не боли резултатот…

Реал Мадрид неочекувано испушти два бода на домашен терен против Рајо Ваљекано, но тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти смета дека не е време за паника. Реал одигра 0:0, па по 12 кола Жирона изненадувачки е осамена на врвот на табелата со 31 бод, два повеќе од Реал и четири од Барселона.

„Не боли резултатот, но не и натпреварот. Некогаш победуваш кога не го заслужуваш, а другпат не победуваш таму каде што заслужуваш. Заслуживме да победиме овде. Се бориме за шампионската титула и добро ни оди во Лигата на шампионите

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Нема паника, но има самодоверба бидејќи не направивме лоши работи против Рајо. Имаме многу офанзивни опции, Белингам не се снајде добро во важни ситуации за голови, но ги создаваа Валверде, Родриго, Хоселу и Винисиус. Недостасуваше реализација“, изјави Анчелоти.

Италијанецот објасни зошто го замени Лука Модриќ со Родриго во 70 минута.

„Сакав да добијам ширина и да сменам формација од 4-4-2 на 4-3-3, да добијам малку на енергија. Модриќ одигра комплетен натпревар. Можев да го извадам Валверде или Камавинга. Никој не заслужи да биде заменет бидејќи одигравме добро. Никогаш не бевме уморни, енергијата беше добра до самиот крај“, се зборовите на тренерот на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Хуан Мата има нов клуб!

Легендарниот шпански фудбалер, Хуан Мата, го пронајде својот нов тим. Ветеранот во офанзив…