На британскиот „Скај Спорт“ вчера се следеше ждребот за Лигата на шампионите, а стручни коментатори и аналитичари кажуваа свое мислење за добиените групи.
Кога на ред дојде групата Б во кој се наоѓаат Баерн, Тотенхем, Олимпијакос и Црвена Звезда Стивен Ворнок кој е поранешен играч на Астон Вила сакаше да ја запознае публиката со Црвена Звезда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Она што сигурно ќе го добиете таму се многу страствени играчи“, кажа водителот, а Ворнок продолжич: Да тоа е место каде што има непријателска атмосфера, но тие се исто така вработени одредено време, а тогаш сфаќате дека и минатата година играа во Лигата на шампионите“.
На останатите водители не им беше баш јасно што зборува Ворнок, меѓутоа тој остана на своето.
„Да, тие се вработени одредено време. Многу од оние играчи кои играа минатата година се водоинсталатери и слично. Тоа само по себе е импресивно“, истакна Ворнок.
Here you go: Warnock claiming Red Star, one of Eastern Europe’s biggest clubs, are part-timers with plumbers playing for them. pic.twitter.com/rlRLBHAWaa
— JD (@HighburyJD) August 29, 2019
Ворнок очигледно баш и не запознаен со случувањата на фудбалот на некои делови надвор од Островот, но тоа не го спречи да гостува во „Скај Спорт“ и да зборува „стручно“.