Селекторот на сениорската репрезентација на Македонија, денес го објави списокот за натпреварит во септември против Гибралтар и Ерменија, а потоа зборуваше и за неговите очекувања.
Македонија во новоформианата Лига на Нации е сместена во лигата „Д“ и во четвртата група ќе игра против Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн. Во конкуренција, на овие репрезентации ние ја имаме улогата на фаворити, но Ангеловски не сака да избрзува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Веќе кажав дека ќе повикувам нов имиња ако имаме потреба, а сега имавме потреба од освежување во одбраната. Поради тоа тука се Бејтулаи и Цикарски. Го чекаме и Адеми да видиме дали ќе опорави од повредата. Останатите играчи се станрдните репрезентативци кои продолжија со добри настапи“.
„Не можеме да избегаме од улогата на фаворит, но не смееме да го потцениме Гибралтар. Очекувам најдобро издание на сите мои фудбалери за со три бода да ја започнеме Лигата на Нации. Сега мислиме само на Гибралтар, за натпреварот со Ерменија ќе мислими потоа“, изјави Ангеловски.
Македонија со Гибралтар ќе се сретне на 6-ти септември на гостински терен, а три дена подоцна играме во Скопје против Ерменија.