Дома Фудбал Англија Aларадајс дебитира против Сити и откри како ќе го запре Халанд!

Aларадајс дебитира против Сити и откри како ќе го запре Халанд!

Лидс пред неколку дена го промовираше Сем Алардајс за нов стратег, а дебито на клупата ќе го има против моќниот Манчестер Сити кој во составот го има Ерлинг Халанд.

Алардајс ќе има за задача да го спаси Лидс од испаѓање во понизок ранг во последните кола, тоа нема да биде лесно.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Дојдов да помогнам сите да се чувствуваат подобро. Имав разговор со момците кои дојдоа во канцеларија и сакаа да поразговараат. Имав многу разговори и за време на тренинзите. Во главно околу животните прашања. Сакам да ја проучам линоста, но доаѓа сабота и време за работа. Барам од момците да покажат страст и да се борат“, изјави Алардајс.

Доби прашање и од новинарите како би го запрел Халанд.

„Како да се запре Халанд? Да не му дадеме да добие топка. Треба да се запре протокот на топка до него и максимално да се ограничи“, кратко одговори искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Манчестер сити не сакаат да го чекаат Гвардиола, ќе мора побрзо да одлучи!

Управниот одбор на Манчестер Сити формално побара од менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, да…