Преодниот рок полека влегува во самиот финиш и овие денови се очекува големо внимание да привлекува ситуацијата со Кристијано Роналдо.
Португалецот повторно се поврзува со трансфер во Наполи, а Виктор Осимен би можел да тргне во спротивен правец во Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа ако дојде до реализација на тој трансфер Роналдо нема да може да биде ЦР7, односно нема да биде во можност да ја носи „седмицата“ која низ кариерата му стана заштитен знак.
Овој број припаѓа на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Елмас е веќе регистриран во Серија А и правилата тука се јасни – нема менување на броеви кога сезоната е започната.
Роналдо ќе има можност „седмицата“ да ја носи сам ово Лигата на шампионите затоа што сезоната се уште не е започната.