Дома Фудбал Англија Aзар: Не сум доволно себичен за да ја освојам „Златната топка“

Aзар: Не сум доволно себичен за да ја освојам „Златната топка“

Белгиецот од редовите на Челзи веќе со години наназад важи за еден од најдобрите светски фудбалери. Сепак, се уште е далеку од „Златната топка“.

Во својата последна изјава Азар открива што според него можеби му недостасува за да стане најдобар во светот, односно да ја освои „Златната топка“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Мојот татко кога бев помлад ми зборуваше дека не сум доволно себичен. Секогаш ми го зборуваше тоа и можеби тоа е вистина. Денес во фудбалот доколку сакате да освоите нешто како „Златната топка“ или да бидете најдобар стрелец, морате да бидете себичен. Јас не сум таков. Едноставно јас сум тоа што сум“, порача ѕвездата на Челзи.

Неговиот Челзи имаше разочарувачка сезона и заврши на дури петото место на табелата, а Азар успеа да постигне 16 погодоци и да запише 13 асистенции во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …