Дома Фудбал Останато Aдвокатот на Роналдо: Да и плати на Мајорга за спогодба, тоа го направи поради неговиот углед

Aдвокатот на Роналдо: Да и плати на Мајорга за спогодба, тоа го направи поради неговиот углед

ronaldo

Кристиано Роналдо потпишал спогодба со Кетрин Мајорга која го обвинува дека ја силувал во хотел во Лас Вегас во 2009 година, тоа го потврди и адвокатот на Португалецот.

Роналдо не одрекува дека се договори на спогодба, но во таа спогодба тој никаде не ја признава вината“, изјави Питер Кристенсен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Адвокатот на 33 годишниот фудбалер на Јувентус тврди дека Португалецот се согласил да плати 375.000 долари после разговорот со неговиот советник.

„Тоа го направи за да спречи обид за нарушување на неговиот углед, стекната со напорна работа, спортски способности и пример на однесување. За жал сега е вклучен во парница која е честа појава во САД“, додаде одбраната на славниот фудбалер

На крајот заврши со зборовите дека наводните докази и документи кои се појавија во јавноста се лажирани.

„Документите кои наводно имаат негативна содржина за Роналдо се лажирани. Украдени се од страна на хакери, а потоа се променети или целосно измислени, па пуштени во јавноста“.

Ќе потсетиме, Роналдо веднаш по појавувањето на тешките обвинување од Мајорга се огласи во јавноста преку социјалните мрежи и порача дека ова е само обид на некои луѓе да се прослават на негова сметка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…