Дома Топ вести Се било одмазда: Рома му згрешила, па тој со Малком и вратил „мило за драго“!

Се било одмазда: Рома му згрешила, па тој со Малком и вратил „мило за драго“!

Сега работите се нешто појасни.

На сите им е добро познато како Малком во последен момент ја промени одлуката и заврши во Барселона, тоа е воедно и најголемиот пресврт во последните неколку години на трансфер пазарот.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Дури сега, неколку недели подоцна неговиот менаџер Леонардо Корнасини одлучи да проговори и да открие што всушност стои зад одлуката на Бразилецот.

„Одлучивме Малком да не оди во Рома затоа што тој клуб не се однесуваше добро кон нас. Учествував во преговорите со римскиот тим околу доведувањето на Даниеле Фузато, кој е мој клилент, но Рома ме заобиколи и го решија тоа преку друг агент“.

„Немам ништо против тој човек, но ова беше одмазда за Рома. Жал мие, но на тој начин им одговоривме со иста мерка. Во преговорите со Малком Мончи сакаше да уфрли други посредници, но за среќа Малком потпиша за Барселона“, откри менаџерот на фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…