Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Барса со конечна понуда за Вилијан, Интер го сака Ерера, Игуаин му кажа ДА на Милан

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Барса со конечна понуда за Вилијан, Интер го сака Ерера, Игуаин му кажа ДА на Милан

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот ширум Европа.

– Продолжува сагата околу Антони Марсијал. Мурињо не сака да се откаже од напаѓачот, но Челзи и Баерн Минхен спремнаат понуди (ОВДЕ).

– Свикан е итен состанок во Челзи поради понудата на Барселона за Вилијан. Шпанските медиуми се оптимисти дека понудата ќе биде прифатена (ОВДЕ).

– Интер најде поефитино решение од Артуро Видал и се насочува кон ангажман на Хекор Ерера од Порто.


– Евертон испрати официјална понуда за дефанзивецот на Барселона, Јери Мина (ОВДЕ).

– Жоао Мутињо го напушта Монако и се сели во Премиер лигата. Вулверхемптон го обезбеди неговиот потпис за 5 милиони фунти (ОВДЕ).

– Готово: Рома го договори трансферот на Робин Олсен од Копенхаген кој ќе биде замена за Алисон. Голманот одигра одлично Светско првенство со шведскста репрезентација (ОВДЕ).

– Новиот директор на Милан, Леонардо ќе се обиде да го убеди Бонучи да остане на „Сан Сиро“. Во случај да замине „росонерите“ ќе се насочат кон ангажман на Тиаго Силва.

– Трансферот на Аксел Витсел во Борусија Дортмунд е пред реализиација. „Милионерите“ ќе платат 20 милиони евра на кинескиот Тијанжин.

– Весникот „АС“ ги откри плановите на Реал Мадрид за трансфер пазарот ова лето (ОВДЕ).

– Милан Бадељ ги одби сите понуди и сака да потпише за Милан. „Росонерите“ во него гледаат идеална замена за Монтолово, кој е на излезна врата од „Сан Сиро“.

– Милан и официјално ја започна операцијата Игуаин. Новиот директор Леонардо веќе имал разговор со раководството на Јувентус. Се уште нема испратено официјална понуда, но играчот дал зелено светло за трансфер во Милано.

– Официјално: Напаѓачот Бас Дост на Спортинг Лисабон потпиша нов договор со португалскиот клуб на три години

– Официјално: Реал Мадрид го претстави новиот млад голман, Андреј Лунин.

– Пепе Реина иако само што пристигна во Милан би можел да замине во Челзи! (ОВДЕ)

– Борусија Дортмунд би можела да го ангажира Белгиецот Аксел Витсел 

– Според последните информации од Островот, тимот на Челзи му нуди нов договор на Еден Азар со плата од огромни 336.000 фунти неделно (ОВДЕ)

– Килијан Мбапе потврди дека го убедувал соиграчот од репрезентацијата, Нголо Канте да му се придружи во ПСЖ (ОВДЕ)

– Шпанска „Марка“ пишува дека Пол Погба навистина има желба да се врати во Јувентус, како и дека му соопштил на својот агент, Мино Раиола тоа да им го пренесе на двата клуба. (ОВДЕ)

– Џанлука Ди Марцио, тврди дека се е завршено: Малком е нов играч на Рома за сума од 36 милиони евра плус бонуси. (ОВДЕ)

– Бордо го потврди трансферот на Бразилецот, Малком во Рома (OВДЕ)

– Официјално: Голманот Антонио Адан го комплетираше трансферот од Реал Бетис во Атлетико Мадрид

– Скај Спорт: Челзи ја одби и последната понуда за Вилијан!

– ГО ИМАМЕ ПРЕСВРТОТ НА ЛЕТОТО: Трансферот на Малком е стопиран во „5 до 12“, понуда испратила и Барселона! (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…