Дома Топ вести Што ќе кажат навивачите: Реал нема да купува замена за Роналдо!?

Што ќе кажат навивачите: Реал нема да купува замена за Роналдо!?

Новиот проект на Реал Мадрид ќе се гради околу Герет Бејл, тврди шпанскиот весник „АС“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според информациите на весникот, по заминувањето на Кристиано Роналдо од „кралскиот“ клуб, велшката ѕвезда веќе не размислува за заминување од „Бернабеу“.

Како што е познато, Бејл беше во сенка на Роналдо па дури сакаше и да замине, но сега ќе биде носител на играта и прва ѕвезда на Реал Мадрид во новата сезона.

Тоа значи дека европскиот првак се откажал од купување нови фудбалери од светски калибар и целата стратегија ќе биде насочена кон 29-годишниот фудбалер.

„Ние ги ангажиравме Одриозола и Жуниор, кој не освои со магија, одлични дриблинзи. Тоа е патот на Реал, да купува млади играчи и од нив да направи големи ѕвезди“, изјави претседателот Перез.

„АС“ пренесува дека „кралевите“ сигурно ќе донесат еден врвен голман, најверојатно Тибо Куртоа, но нема по секоја цена да брзаат со доведување на нова ѕвезда во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…