Дома Трансфер зона ПОНУДАТА ПРИСТИГНА: Мина на чекор до клубот од Премиер лигата

ПОНУДАТА ПРИСТИГНА: Мина на чекор до клубот од Премиер лигата

Стоперот на Барселона, Џери Мина наводно е многу блиску до траснфер во Евертон за 17 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците во јануари платија 11,6 милиони евра за 23-годишниот фудбал, но тој одигра само пет натпревари до крајот на сезоната. Меѓутоа, импресионираше на Мундијалот во дресот на Колумбија, постигна дури три гола и ја зголеми својата цена.

Како што се наведува, Мина со „Карамелите“ ги договорил условите и се чека само благословот од Барселона, тоа не би требало да биде проблем со оглед на тоа што Пике и Умтити се стандарден стоперски тандем, Вермален им е замена, а неодамна од Севиља пристигна и Келман Ленгл.

Пред само неколку дена Мина изјави дека ќе се бори за место под сонцето во Барса, но изгледа дека работите се променија. Освен Евертон кој во моментов е најблиску, уште неколку тимови се заинтересирани за Колумбиецот – Лестер, Вест Хем, Вулверхемптон, Зенит, Лион…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…