Кристиано Роналдо после девет години го напушти Реал Мадрид, па сега навивачите на „кралскиот“ клуб чекаат адекватна земана за најголемата ѕвезда.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во анкетата која ја спроведе „Марка“, се најдоа имиња кои можат да бидат потенцијална замена, а понудени беа Килиан Мбапе, Еден Азар, Хари Кејн и Нејмар.
Убедливо победи Мбапе. Тој доби дури 54% од гласовите, додека останатите беа далеку под овој процент. Еден Азар доби 15%, Нејмар 14% и Кејн 10% од гласовите.
Со ова навивачите јасно ставија до знаење дека во Килијан Мбапе гледаат иделана замена за Роналдо на „Сантиаго Бернабеу“.
19-годишниот Французин блеска на Мундијалот, но Реал ќе има исклучително тешка задача да го донесе во Мадрид бидејќи ПСЖ не сака да слушне за негова продажба.
Сега на потег е раководството на Реал, па останува да видиме кои ѕвезди ќе пристигнат на „Сантиаго Бернабеу“ до затварањето на трансфер пазарот.