Трансферот на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус денес е главна тема во сите спортски медуми бидејќи влегува во завршна фаза.
Неговиот агент Жорге Мендеш утрово пристигна во Мадрид каде ќе има средба со претседателот Флорентино Перез и ќе му ја претстави официјалната понуда од Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Реал, наводно ветил дека ќе го исполни договорот со Кристиано Роналдо, според кој ќе му дозволи да си замине, па денес треба да бидат договорени последните детали.
Според „Ел Чиригито ТВ“, Мендеш ќе ја презентира понудата на „старата дама“ која изнесува 100 милиони евра, а со бонуси може да достигне до 120 милиони евра.
Роналдо веќе има договор со Јувентус и само чека знак од Мадрид за да пристигне во Торино и да го комплетира трансферот. Тој веќе му соопштил на Перез дека неговиот циклус во Мадрид е завршен и побарал да го пушти да замине.
Според последните информации, Кристијано Роналдо потпишал официјална соработка со Хуманитарна италијанска организација за давање на крв, па со ова станува уште поизвесно дека иднината на Португалецот е во Јувентус.
Real Madrid and Juventus are close to agreeing a deal for Cristiano Ronaldo with significant developments likely in the next 48 hours. (Source: SkySports) pic.twitter.com/57eG10LsDa
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 9, 2018