Дома Фудбал Останато „Стариот“ Роналдо за Кристиано: Немојте да бидете смешни

„Стариот“ Роналдо за Кристиано: Немојте да бидете смешни

Трансфер сагата околу Кристиано Роналдо во овој момент е главна тема во фудбалскиот свет и сите го чекаа епилогот од вечерашниот состанок помеѓу сопственикот на Реал, Перез и агентот на Роналдо, Мендеш.

Многумина сметаа дека ако Роналдо го напушта Мадрид ќе се врати во Јунајтед или евентуално во ПСЖ. Никој не ни сонуваше дека Јувентус може да влезе сериозно во трката, но сега Торино изгледа како реална опција.


Поранешниот спортски директор на „старата дама“, Лучијано Моџи, тврди и дека Роналдо веќе во Минхен ги поминал медицинските прегледи, а „Марка“ објави дека неколку недели наназад Португалецот бара куќа во Торино.

По повод целата сага околу Кристиано се огласи и „стариот“ Роналдо.

„Немојте да бидете смешни, ако замине во Јувентус ќе постигнува голови како и во Реал. Јасно е дека нема да го менува својот стил, зад себе би имал одличен тим како и во Мадрид. Знам како е, јас играв во двете лиги и нема голема разлика, постигнував голови и во Италија и во Шпанија“, изјави легендарниот Бразилец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатно: Манчестер јунајтед сезонава не успеал да врзе две победи!

Завршувањето на оваа кошмарна сезона за Манчестер Јунајтед во Премиер Лигата носи оставена…