После кататрофалниот настап на Лорис Кариус во финалето од Лигата на шампионите во кое Ливерпул беше поразен со 3:1 од Реал Мадрид на големо започна да се пишува за иднината на Германецот на „Енфилд“.
После ужасните грешки на Кариус против Реал Мадрид наводно во Мадрид се вклучиле алармите и се во потрага по нов голман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во последните денови со Ливерпул се поврзуваа Алисон од Рома и Облак од Атлетико Мадрид, но и двете опции се прилично скапи, а како поефитина опција се споменуваше Јаспер Силенсен од Барселона кој во својот договор има откупна клазула од 60 милиони евра.
Сега со Ливерпул се поврзува ново име – Томас Старкоша. 23 годишниот голман е дел од првиот тим на Лацио од 2016 година, а зад себе има навистина одлична сезона.
Лацио за Старкоша своевремно плати само 80.000 евра и сега има шанса добро да заработи со негова евентуална продажба, наводно клубот од Рим е спремен да го продаде за сума од околу 30 милиони евра.