Дома Топ вести Во Каталонија тврдат: Бускетс пред трансфер во Јувентус!

Во Каталонија тврдат: Бускетс пред трансфер во Јувентус!

Италијанскиот шампион Јувентус е многу блиску до потписот на играчот за врска Ориол Бускетс, тврди доброинформираниот „Мундо Депортиво“.

19-годишниот Бускетс, кој игра за младинците на Барселона, е без договор па „старата дама“ има можност да го донесе како слободен агент ова лето.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Играчот за врска важи за еден од најголемите таленти во Шпанија и му се предвидува блескава иднина, меѓутоа повредата го оддалечи од првиот тим на Барселона оваа сезона.

За него интерес покажуваат многу европски гигнати, но Јувентус се избори со конкуренцијата и е блиску до потпишување на договор со Ориол Бускетс.

Треба да се напомене дека Ориел не е во никаква роднинска врска со ѕвездата на Каталонците, Серхио Бускетс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…