Дома Топ вести Роналдо се огласи после ШОКОТ: Не беше вистински момент, но бев искрен!

Роналдо се огласи после ШОКОТ: Не беше вистински момент, но бев искрен!

Кристиано Роналдо само неколку минути по освојувањето на третата последователна титула во Лига на шампиони ги шокираше фановите на Реал Мадрид.

Португалецот искористи минато време за периодот на „Сантијаго Бернабеу“ и откри дека во наредните денови ќе донесе одлука.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


„Тоа не беше вистинскиот момент за зборовите. Не сакам да ја одземам заслугата на тимот. Три последователни титули во Лигата на Шампионите е нешто уникатно. Личните ситуации во овој момент не се важни“, рече Роналдо.

„Не беше вистинско време, но бев искрен. Не зборувам често, но кога зборувам, зборувам. За една недела ќе кажам нешто“, продолжи Португалецот.

„Зборував со агентот. Моите зборови не се плод на возбуда. Проблемот доаѓа оддалеку. Парите не се проблем. Освоив пет шампионски лиги, пет „Златни топки“. Не ме боли, бидејќи знам што давам на клубот. Не сакам да го одземам моментот на моите соиграчи, ние сме шампиони“, заклучи ѕвездата на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПСЖ го продава Скиниар

Раководството на ПСЖ се обидува да го продаде Милан Скриниар, иако го доведе пред само едн…