Дома Трансфер зона Договорот на повидок: Парма започнува да се спрема за Серија А!

Договорот на повидок: Парма започнува да се спрема за Серија А!

Eкипата на Парма се врати помеѓу најдобрите во Серија А и секако дека ова лето ќе се обиде да се засили, а првото засилување би можел да биде фудбалер кој настапуваше во соседството.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дарко Лазовиќ ова лето ќе ја напушти Џенова, а според информациите Парма е блиску до негов ангажман.

Парма се врати во елитата после три години поминати во пониските лиги и од наредната сезона повторно ќе ги гледаме во Серија А.

Лазовиќ оваа сезона не играше премногу во Џенова. Одигра 21 натпревар и во потрага по поголема минутажа се очекува да премине во редовите на новиот прволигаш.

Неговиот договор со Џенова има важност до 2020 година, но очекувањата се клубот да не прави проблеми доколку тој сака да замине. Со Парма би требало да стави потпис на четиригодишен договор

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…