Дома Останати Ракомет Фајнал-фор НАЈАВА: Вардар фаворит против Монпелје! – Ќе не израдува ли повторно четата на Гонзалес?

Фајнал-фор НАЈАВА: Вардар фаворит против Монпелје! – Ќе не израдува ли повторно четата на Гонзалес?

vardar

Вардар и Монпеље ќе играат во полуфиналето на фајнл-фор турнирот во Келн. Вардар како бранител на трофејот во Лигата на Шампиони отпатува во Германија, додека Монпеље како најголемо изненадување сезонава. Се е на страната на Вардар и нашите очекувања се дека ќе го гледаме македонскиот тим во големото финале.

Вардар сака да го одбрани тронот

Вардар е бранител на трофејот и од таа преспектива како фаворит ќе влезе во дуелот со Монпеље. И не само од таа преспектива, туку и поради играчкиот кадар, но и поради други причини. Сите велат дека е потешко да се одбрани, отколкуда се освои за прв пат титулата, но за Вардар тоа како да не важи. Во групната фаза Вардар на некој начин се прошета и тоа во исклучително тешка група. Заврши на лидерската позиција пред Барселона, Нант, Рајн Некар Левен, Пит Сегет, Криштијанштад, Висла Плок и Загреб. Вардар забележа само два порази и тоа на гости од Барселона и Нант со еден гол негатива. Во елиминациите Вардар го елиминираше силниот германски бундеслигаш Кил и обезбеди полуфинале. Тоа доволно говори за силниот колектив на европскиот шампион.

Последна шанса за оваа генерација


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова е последна прилика за оваа генерација во Вардар. Прилика која сите во еден глас велат дека не смее да се пропушти. По крајот на сезоната речиси половина тим ќе си замине и следната сезона Вардар ќе има сосема нов лик. Од тимот официјално си заминуваат Штербик, Циндриќ, Македа, Кањељас, Марсениќ, Абутовиќ, а можеби и уште некој ракометар. Сепак најголемиот удар ќе биде заминувањето на неверојатниот стратег, Раул Гонзалес. Затоа мотивите кај вардарци се уште поголеми, а мотивот на вакви натпревари значи многу.

Монпеље е најголемо изненадување сезонава

Монпеље во Келн допатува како најголемо изненадување сезонава. Тие во групната фаза беа рангирани во послабите групи и никој не очекуваше дека екипа од тие групи ќе дојде до фајнл-фор турнирот. Сепак, Монпеље сосем заслужено се најде во оваа фаза. Завршија како први во својата група во која беше и Металург. Потоа го елиминираа Адемар Леон кого два пати го победија, па следеше сензацијата на сезоната и елиминацијата на големата Барселона. Во последната рунда пред полуфиналето на убелив начин славеа над Фленсбург дома и одиграа нерешено на гости и обезбедија полуфинале.

Букмејкерите го фаворизираат Вардар

Вардар е фаворит и според букмејкерите. Коефициентот за нивна победа на Coinbet24 е 1.61. За победа на Монпеље пак коефициентот е многу повисок и изнесува 3.05. За нерешен резултат во Coinbet24 ќе добиете коефициент 7.50.

Комплетната анализа како и предлог тим од вистиснки професионалци можете да добиете на специјализираниот сајт за спортско обложување „Кладење.мк“ кој е единствен таков во Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…