Италијанските медиуми пренесуваат шокантна информација и тврдат дека УЕФА ќе изрече жестока казна за италијанскиот гигант Милан.
Раководството на „росонерите“ го претстави својот финансиски план пред комисија на УЕФА пред неколку месеци, но челниците на Европската куќа на фудбалот тврдат дека Милан не влегува во параметрите на Финансискиот фер-плеј.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
До 15-ти јуни сигурно ќе биде изречена казна за италијанскиот гигант, но од Милан стравуваат дека таа може да биде навистина брутална.
Имено, „росонерите“ можат да бидат исфрлени од европските натпреварувања, а тоа значи дека немаа да играат во Лига Европа за која изборија пласман преку Серија А.
Другата казна од која стравуваат во миланскиот клуб е дека УЕФА може да им изрече забрана за трансфери.
Sky report that UEFA are expected to turn down Milan’s proposal to attain the Settlement Agreement. There will be a hearing in June with Milan potentially risking their participation in European competitions pic.twitter.com/gpNmElD16H
— Milan Eye (@MilanEye) May 22, 2018