Дома Фудбал Останато Првите зборови на Фергусон по будењето ги насмеаа сите во болницата

Првите зборови на Фергусон по будењето ги насмеаа сите во болницата

Еден од најголемите фудбалски тренери во историјата на фудбалот, легендарниот Сер Алекс Фергусон вчера се разбуди од кома.

По хитната операција поради мозочниот удар тој повеќе не е во кома и покажува ветувачки знаци за закрепнување, но сеедно закрепнувањето ќе биде долго и Фергусон и неговото семејство мора да бидат трпеливи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Британскиот таблоид „The Sun“ пишува дека 76-годишниот стратег е буден и дека разговара со семејството, а првиот на кого се обрати откако се разбудил бил неговиот син Дарен. Неговите први зборови ги насмеале сите.

„Како помина Донкастер?“, наводно го прашал синот, кој е тренер на овој клуб, но на последниот натпревар не седеше на клупата, бидејќи беше со неговиот татко.

Ферсуон исто така се шегувал со семејството и говорел за заминување во Киев на финалето од Лигата на Шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За Клоп подобар нема: „Многу големи играчи сум тренирал, но тој…“

Германскиот експерт се смета за тренер кој не само што создава системи, туку и играчи. Под…