Дома Фудбал Англија Џерард прифати – ќе го води Глазгов Ренџерс

Џерард прифати – ќе го води Глазгов Ренџерс

Поранешниот капитен на Англија, и легенда на Ливерпил, Стивен Џерард ја прифати понудата да го преземе кормилото на Глазгов Ренџер, пренесоа медиумите на Островот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Легендата на „црвените“, Џерард, работи како тренер во академијата на Ливерпул, но доби понуда која не можеше да ја одбие, па работата во Ренџерс ќе биде прва како самостоен тренер.

„Полицајците“ од Глазгов неколку сезони, поради финансиските проблеми, играа во пониските лиги, па откако се вратија во првата лига се во сенка на најголемиот ривал Селтик.

Како менаџер на „сините“, Џерард ќе има можност да се соочи со својот поранешен тренер на Ливерпул – Брендан Роџерс, кој во моментов го води вечниот ривал Селтик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо во Реал може да добие засилување и од 150 милиони евра

Жозе Мурињо наскоро се враќа на клупата на Реал Мадрид, а наводно како своја голема амбици…