Дека меѓу фудбалерите има и такви кои покрај милионските заработки размислуваат и за образованието, пример е Нури Сахин.
Ѕвездата на Борусија Дортмунд запиша спортски менаџмент на престижниот Универзитет Харвард, но тоа не значи дека во 29-та година ќе ја заврши кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нури Сахин сака покрај фудбалот да има додатни обврски и да собере додатно знаење.
„Имам големи планови после кариерата. Сакам да им дадам причина на моите деца да бидат горди на мене. Не само да зборуваат дека сум бил добар фудбалер“, изјави Сахин.
„Поранешниот играч на Реал Мадрид и Ливерпул е еден од ретките фудбалери кои вложиле многу труд за стекнување одредени дипломи. Мата има дури две, а во тоа друштво фудбалери се Компани, Пике, Киелини…