Дома Топ вести Барселона после Кутињо купува уште една ѕвезда од Премиер лигата

Барселона после Кутињо купува уште една ѕвезда од Премиер лигата

Барселона може да ја освои двојната круна оваа сезона, но после срамната елиминација во Лига на шампиони Каталонците ќе направат промени во тимот.

Каталонските медиуми пренесуваат дека прва мета на Барса во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Ериксен беше желба на Каталонците и минатото лето, но тогаш се одлучија за Кутињо. Оваа вест ја потвди најпознатиот дански менаџер, и агент на Михаел Лаудруп, Бајрам Тутумлу.

„Во септември минатата година бев повикан во Лондон да се сретнам со Ериксен. Разговаравме и му кажав дека го сака Барселона. За жал Каталонците се одлучија за Кутињо. Кристиан беше несреќен, но мислам дека трансферот пропадна поради неговиот агент“, изјави Тутумлу.

„Претседателот на Барселона, Бартомеу ми соопшти дека клубот се уште е заинтересиран за Ериксен. Мислам дека ова лето трансферот може да се реализира“, додаде агентот.

Каталонските медиуми додаваат дека Тотенхем е заинтересиран за Андре Гомеш, па Барселона може да го искористи во „трампа“ со доплата за да го добие потписот на Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Повеќе нема дилеми: Познати детали од договорот на Компани и Баерн

Познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг на Твитер објави дека Баерн конечно ја зав…