Дома Топ вести Погба може во Пари Сен Жермен само под еден услов!

Погба може во Пари Сен Жермен само под еден услов!

pogba

Пол Погба е роден во предградие на Париз, а од лето конечно би можел да заигра фудбал во Париз и на професионално ниво.

Како што пишуваат локалните медиуми Погба би прифатил да се пресели во Пари Сен Жермен наредното лето, но има и еден услов – Нејмар мора да остане.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И покрај двата погодоци во дербито на Манчестер Погба и понатаму не е среќен во Јунајтед и не е во најдобар однос со Мурињо.

Во ваквата ситуација ПСЖ гледа шанса да активира нова трансфер бомба. ПСЖ беше еден од кандидатите да го доведе Погба и кога тој настапуваше во редовите на Јувентус, но тогаш Французинот се одлучи да го облече дресот на Манчестер Јунајтед.

Причината поради која Погба бара да биде соиграч со Нејмар веројатно е гаранција дека клубот ќе атакува на Лигата на шампионите наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…