Дома Трансфер зона ПСЖ го бара Погба, одговорот на Мурињо ги остави без текст

ПСЖ го бара Погба, одговорот на Мурињо ги остави без текст

Паул Погба се наоѓа на радарот на француски ПСЖ. Парижаните спремаат големи промени во тимот во текот на летото, а Погба е на врвот на листата на желби.

Дека Французинот бара други клубови слушнал и Жозе Мурињо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ако е вистина дека неговиот агент преговара со други клубови, тогаш цената после двата гола против Сити е многу поголема.“- истакна Мурињо.

Наводно, менаџерот на Погба, Мино Раиола веќе почнал преговори со ПСЖ. Сепак за тоа мора да се праша и Мурињо, а бидејќи францускиот тим е заинтересиран и за Мартиал, Специјалниот одлучи да им помогне.

Тој за услугите на Погба и Мартиал го бара најскапиот фудбалер на светот Нејмар, а спремен е да додаде уште 50 милиони фунти за трансферот да се реализира.

Сепак, оваа понуда делува прилично нереално, но од Мурињо може се да се очекува и сигурно одговорот на Специјалниот, раководството на ПСЖ ги оставил без текст.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рибарскиот град даде една од најубавите приказни во европскиот фудбал

Бодо/Глимт обезбеди настап во групната фаза на Лигата на шампионите. Клубот од северот на …