Дома Топ вести „Старата дама“ го возвраќа ударот: Ако Атлетико го сака Дибала, Јуве го сака – Гризман!

„Старата дама“ го возвраќа ударот: Ако Атлетико го сака Дибала, Јуве го сака – Гризман!

Реномираниот италијански весник „Кориере Дело Спорт“ во своето денешно издание пренесува интересна вест.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, неодамна се појавија информации дека трансферот на Паоло Дибала во Атлетико Мадрид е веќе договорен на вечерата на која присуствувале Дибала, неговиот брат (кој му е агент) и Диего Симеоне.

Е, сега според „Кориере Дело Спорт“ Јувентус се вклучува во трката за првата ѕвезда на Атлетико, Антоан Гризман кој претходно долго време се поврзуваше со Барселона, а минатото лето и со Манчестер Јунајтед.

Јувентус сите го отпишаа и скоро и никој да не верува дека „старата дама“ може да го надополни големото заостанување во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а поради ова се пишува и за голема реконструкција во тимот на Јуве која ќе следи во летото кое е пред нас. За ова повеќе можете да прочитате ТУКА.

Како што споменавме, најнова вест е дека Гризман ќе биде една од главните желби.

Во овој момент не се откриваат детали во врска за евентуална понуда и сумата која Јувентус е спремен да ја понуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…