На сите сигурно ви е добро позната приказната со Марсело Салас, а денес петнаесетина години подоцна Кристиано Роналдо можеби е главен „виновник“ што „старата дама“ ќе започне ново поглавје во својата историја.
Доколку има некој да не ја знае приказната која ја потврди и Марчело Липи, накратко ќе ја повториме.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, трансферот на Роналдо од Спортинг во Јувентус бил завршена работа, иако Италијанците би го оставиле на позајмица барем уште една година. Сепак, Марсело Салас човекот кој требаше да тргне во спротивен правец во последен момент ја промени одлуката и не сакаше да оди во Лисабон.
Потоа по еден пријателски натпревар Сер Алекс да го купи, а се останато е историја.
Дали Кристиано во Јувентус би станал тоа што е денес не можеме да знаеме, веројатно поради „Калчополи“ не би се ни задржал долго, но тоа сега е приказна од минатото.
Оваа приказна е поврзана со иднината.
Имено, поразот од Реал Мадрид во вторникот можеби значи крај на една ера во Јувентус (иако има уште еден натпревар).
Како што пишуваат италијанските медиуми, клубот веќе одлучил. Започнува реконструкција и подмладување на тимот, целата е прво да се освои седмата титула во низа и евентуалната двојна круна со одбрана и на купот, потоа следуваат големи проблеми.
Масимилијано Алегри би требало да остане, тој би бил предводник на новиот циклус. Јувентус наводно е спремен и да жртвува неколку години доминација за да создаде целосно нов тим.
„Старата гарда“ заминува. Поточно Буфон многу веројатно ќе стави крај на кариерата, Лихштајнер, Асамоа, Алекс Сандро и Кедира се очекува да бидат фудбалерите кои ќе го напуштат клубот.
Киелини и Брзаљи остануваат, но веројатно нема да бидат „главни улоги“, стигнува Калдара, кој со Бенатија и Ругани би требало да бидат првиот избор за стоперската позиција, а се очекува да пристигне и Матео Дармијан од Манчестер Јунајтед.
Емре Чан после се изгледа дека доаѓа како слободен играч, а од позајмица од Аталанта се враќа Спинацола.
Неодамна се пишуваше и дека Јувентус е спремен да ја плати клазулата за Пелегрини од Рома. Се шпекулира и дека Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио не би имал ништо против за трансфер во Торино, иако тоа сега не изгледа како реална опција.
Во офанзивата мета е Марсијал од Манчестер Јунајтед. Од сегашните офанзивци сигурни се Даглас Коста, Бернадески, Игуаин, Пјаца се враќа од позајмица, додека Дибала би можел да замине само во случај на непристојна понуда.
Според сето ова и медиумите во Италија новиот Јувентус би требало да изгледа вака.
Шчесни на голот, Дармијан, Калдара, Бенатија и Спинацола во последната линија, во средата Чан, Пјаниќ и Матуиди, додека во нападот Алегри ќе има навистина повеќе опции.