Како што пишува „Мундо Депортиво“ минатото лето екипата на Ливерпул имала сензационален предлог до Реал Мадрид.
Имено, според информациите на шпанскиот медиуми, Јирген Клоп на „Енфилд“ го сакал Герет Бејл, а за него до Мадрид доставил интересна понуда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот гигант за услугите на Велшанецот го нудел Фелипе Кутињо и дури 70 милиони евра, но од Мадрид оваа понуда била одбиена.
Неколку месеци подоцна Кутињо се пресели во Шпанија, за сума од 160 милиони евра го облече дресот на големиот ривал на Реал Мадрид, Барселона.
Доколку веста на „Мундо Депортиво“ е точна и доколку Германецот се уште го сака Бејл веројатно ќе има подобра прилика да го ангажира ова лето бидејќи Велашанецот многу веројатно дека ќе го напушти Мадрид.
До овој момент на јавноста познат и беше интересот на Челзи и Манчестер Јунајтед за овој одличен фудбалер, па ќе биде интересно доколку и Ливерпул се вклучи во трката.